Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги одреди судиите од 28 земји кои ќе ги водат мечевите на Светското првенство во Јужна Африка. Комитетот за судење при ФИФА, со кој претседава со поранешниот шпански арбитар Анхел Марија Виљар Лјон, ги одреди 30 – те  главни судии, како и нивните помошници за мечевите од Мундијалот.


На листата на главни судии за Светското првенство е вклучен Мартин Хансон. Шведскиот арбитар на бараж мечот меѓу Франција и Република Ирска, не го виде играњето со рака од страна на Тиери Анри кое претходеше на одлучувачкиот гол за “триколорите”, кој пак значеше елиминација на ирците.

Ohridnews