Стотици илјади демонстранти, кои носат шпански и знамиња на Европската Унија, се собраа денеска во центарот на Барселона. Според полицијата, на собирот присуствуваат околу 300.000 лица, додека организаторите тврдат дека на настанот се присутни речиси еден милион луѓе. Тие протестираа за поддршка на единството со Шпнанија, пенесува АП.
Агенцијата наведува дека атмосферата на протестот е весела и дека демонстрантите ги поддржуваат политичарите на шпанската влада во Мадрид, кои му се придружија на маршот низ центарот на Барселона, со извици „Да живее Шпанија“, како и „Пучдемон во затвор“. Учесниците на собирот се противат на независноста на најбогатиот шпански регион, прогласена по референдумот одржан на 1 октомври, кој Мадрид го прогласи за незаконски.
Според организаторите, целта на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се отфрли нападот без преседан во историјата на демократијата.
Нивниот слоган е „Ние сме сите Каталонија. Здрав разум за коегзистенција“.