Во согласност со мерките за заштита од Корона вирус, екипа на ЈП „Градски Пазар“ континуирано врши дезинфекција на градскиот пазар и на деловните простории со кои располага претпријатието.
Во насока на превенирање и спречување на ширење на вирусот секојдневно се врши мерење на телесната температура на вработените и на закупците на тезги во пазарот. – информира јавното претпријатие.
Целта е преку воведување висок стандард на хигиена, градскиот пазар да биде безбедно место како за вработените и закупците на тезги така и за клиентите и купувачите.
OhridNews