Наместо на коловозите од сега контејнерите за отпад  ќе стојат во посебни боксови на тротоарите. Деновиве специјални екипи на булеварот „Туристичка“ започнаа со средување на просторот за контејнерите. Делови од тротоарите се спуштаат и се нивелираат во висина на коловозот за да можат камионите за ѓубре да имаат непречен пристап до контејнерите.


контејнерите нема повеќе да бидат оставани на коловозите

Контејнерите не само што беа грда слика на улиците во Охрид, туку претставуваа и сериозна опасност за учесниците во сообраќајот. Со дислоцирањето  тие повеќе нема го загрозуваат сообраќајот, а комуналните служби непречено ќе можат да ја обавуваат дејноста.

Ohridnews