Вчера покрај рекреативната патека, после мостот на каналот Студенчишта, е поставен контејнер, кој најверојатно ќе служи како времен објект.


Покрај минувачите, од поставувањето на старата лимена барака се изненадени и концесионерите на плажите, кои уште пред неколку месеци предупредија дека поединци се обидуваат на споменатиот простор да постават времени објекти. Тие неодамна писмено се обратија до локалната самоуправа на која и укажаа дека се против нејзината идеја покрај рекреативната патека да се поставуваат тезги и времени објекти.

„Дозволете ни да Ве потсетиме дека плажите се земени под закуп за не така мала цена, вкупната инвестиција на трите плажи е над милион евра и оттука локалната самоуправа е првоповикана да не заштити од нелојална конкуренција, од загрозување на атрактивноста на ова место и да преземе мерки за унапредување на угостителството со својата политика, а не да носи одлуки кои се на штета на угостителскиот бизнис кој е компаративна предност на Охрид. “-стои во протестното писмо, што закупците на плажите 1,2, и 3 и го упатија на локалната самоуправа.


Контејнер “слета“ кај Студенчишта


За поставувањето на времениот објект покрај рекреативната патека, концесионерите на плажите ги информирале надлежните инспекции и полицијата.


OhridNews