Новиот шампион во италијанска Серија А, Интер и шпанскиот гигант Реал Мадрид останаа без тренери на клупата, откако Антонио Конте односно Зинедин Зидан ги напуштија клубовите.

Заминувањето на Конте од Интер е зачудувачки, но очекувано, затоа што „нероазурите“ паднаа во финансиска криза и не ги исполнија ветувањата дадени пред почетокот на сезоната.

Зидан, пак, заминува само од резултатски причини. Популарниот „Зизу“ со „кралевите“ не успеа сезонава да освои трофеј, иако, во игра во ЛШ и Ла лига беше до самиот крај.

Најсериозен кандидат за тренерското место во Интер и Реал Мадрид е Масимилијано Алегри. Но лесно може да се случи, Конте да го преземе Реал Мадрид, Алегри да седне на клупата од Интер, а Зидан да премине во Јувентус.

OhridNews