Тотенхем на својата официјална веб-страница објави дека е прекината соработката со Антонио Конте.

Антонио Конте го напушти клубот со заедничка согласност. Му благодариме на Антонио за неговиот придонес и му посакуваме се најдобро во иднина, соопшти премиерлигашот од Лондон.

Кристијан Стелини е назначен за в.д. селектор до крајот на сезоната. Рајан Мејсон ќе му биде помошник.

Претходно беше објавено дека Италијанецот би можел да го напушти англискиот клуб по критиките кон играчите на тимот. Конте е на чело на Тотенхем од ноември 2021 година.

Тотенхем е четврти во Премиер лигата со 49 бодови.

OhridNews