Тотенхем ремизираше 1:1 со Саутемптон синоќа на натпревар од 20. коло во англискиот фудбалски шампионат. Тоа беше седми натпревар на Спарс во Премиер лигата под водство на Антонио Конте.
Италијанскиот фудбалски стручњак стана првиот тренер, под чие водство Тотенхем нема пораз на првите седум натпревари. Билансот на лондонци под водство на италијанскиот фудбалски стручњак е четири победи и три нерешени средби.
Во моментов Тотенхем е шести во поредокот во Премиер лигата со 30 бода, но и со два натпревара помалку од ривалите за највисок пласман.
OhridNews