Италијанскиот фудбалски стратег Антонио Конте попладнево е назначен за нов тренер на Тотенхем, соопшти премиерлигашот од Лондон.
Конте се обврза да го предводи Тотенхем до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката.
Конте, како што соопшти клубот, веќе попладнево ќе го одржи првиот тренинг со новата екипа.
Тренерската смена во Тотенхем дојде по серијата слаби резултати, која доведе до отказ за Португалецот Нуно Еспирито Санто.
OhridNews