Фудбалерите на Интер го задржаа победничкиот курс во италијанската Серија А совладувајќи го Милан со 2-0 во градското дерби. „Нероазурите“, со триумфот против Милан се извлекоа за киксот со Славија Прага на домашен терен во рамките од Лигата на Шампиони.
Победникот во дербито го одлучија Марсело Брозовиќ и Ромелу Лукаку кои погодоците ги постигнаа во второто полувреме.
- Во дерби средба тешко е да го предвидиш резултатот. Особено ако се работи за дерби во кое ќе се сретнат Интер и Милан. Фудбалерите одиграа феноменален натпревар после не успехот во ЛШ. Тој кикс на домашен терен не налути и не отрезна дека ништо не е готово пред почетокот на мечот. Заслужено победивме и среќен сум поради нашите навивачи. – изјави тренерот на Интер, Антонио Конте.
Интер на врвот од табелата има два бодови повеќе од Јувентус, кој синоќа потешко од очекувањата ја совлада Верона со 2-1 на домашен терен. Конте, задоволен е од моменталниот тек на настаните и како се развива неговата екипа.
- Последниве неколку месеци напорно работиме. Тешко беше на почеток бидејќи некои играчи ни се придружија подоцна. Имаме јасна слика како треба да играме. Сакам да кажам дека командантот има свој план, но потребни му се војници да го остварат. Затоа јас сум презадоволен што работам со овие играчи кои се есктра дисциплинирани. – додаде Конте.
OhridNews