Стана познато кој може да го замени Стефано Пиоли како главен тренер на Милан во случај на негово заминување од „Сан Сиро“.

„Ла Република“ пишува дека Антонио Конте кој моментално работи со Тотенхем и Роберто Де Зерби кој е тренер на Брајтон можат да го предводат Милан.

Конте заработува околу 17 милиони евра по сезона во Тотенхем, додека Де Зерби неодамна потпиша четиригодишен договор со Брајтон вреден пет милиони евра годишно.

Новинарот Даниеле Лонго откри дека договорот на Де Зерби со Брајтон вклучува ослободителна клаузула од 13 милиони евра.

Пред Тотенхем, Конте работеше со Интер и Јувентус. Де Зерби беше тренер на Шахтјор, Сасуоло и Беневенто.

Позицијата на Пиоли во Милан не е најдобра поради слабите резултати од почетокот на годинава. Милан може да го отпушти Пиоли доколку ситуацијата на тимот не се подобри. „Росонерите“ загубија четири натпревари по ред и немаат победа од 4 јануари. На 10 февруари Милан ќе игра со Торино во Серија А, а на 14 со Тотенхем во Лигата на шампионите.

 OhridNews