Фудбалерите на Интер со два погодоци го свртеа резултатот и со 4-3 ја совладаа екипата на Фиорентина. За „нероазурите“ ова беше прв натпревар и триумф во италијанската Серија А. Предводникот на Интер, Антонио Конте имаше многу замерки за играта на екипата, но задовлен е од трите освоени бодови.
Трите бода се многу важни, но ние мора да ги потенцираме вкупните перформанси на играчите. Позитивната работа е што постигнавме четири гола и создадовме многу повеќе шанси. Мислам дека нивниот голман Драговски се справи многу добро. Напаѓавме и создадовме многу проблеми на Фиорентина, но во исто време не бевме доволно фокусирани на нивните контранапади. Фудбалерите знаат како да се подобрат. Мора да има рамнотежа во тимот. Многу пати бевме неурамнотежени вечерва и плативме за овие грешки. Треба да се обидеме да се одбраниме движејќи се напред, не потпирајќи се на нашиот голман. Мораме да извршиме притисок врз нашите противници. Тоа беше прв натпревар на Коларов, Д’Амброзио играше како централен дефанзивец, но целиот тим мора да се справи подобро. – изјави Конте.
Во следниве две рунди Интер силите ќе ги одмери со Беневенто и Лацио, а потоа следува пауза поради обврските на националните селекции.
OhridNews
Феноменален пресврт на Интер за триумф над Фиорентина (видео)