Консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата Охридското Езеро ќе се одржи на 16 ноември преку електронската комуникациска платформа ZOOM. На работилницата свои обраќања ќе имаат и градоначаниците на Охрид, Струга и Дебрца, како и претставници од другите засегнати страни.

Целта на настанот/работилницата е да обезбеди пошироко вклучување на засегнатите страни, да се добијат препораки и коментари за предлогот и да обезбеди добар квалитет и применливост на документот. Нацрт-планот за управување ќе биде достапен за повратни информации и коментари до 19 ноември 2021 година. Истиот ќе биде ревидиран по анализата на добиените коментари од засегнатите страни, информираат од ДИЖС.

Додаваат дека откако актот за повторно прогласување ќе биде усвоен од Собранието, Телото за управување со Охридското Езеро ќе иницира правна постапка за усвојување на Планот за управување со Охридското Езеро во соработка со МЖСПП, вклучувајќи официјален процес на Јавна консултација со јавноста и формално побарани мислења од сите засегнати страни.

Инаку, Нацрт-планот за управување е подготвен во рамките на проектот GEF/UNEP STAR 5: „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитените подрачја во планирање за користење на земјиштето“, со експертска поддршка од IUCN ECARO.

OhridNews