Охридскиот Сојуз на спортови на чело со претседателот, Коста Карадимче одржа конструктивна седница, на која беа разгледани сите апликации во изборот за најдобрите спортисти во 2014 година.


– Јас како претседател, членовите од Управниот одбор и спортските новинари заедно и полека ги разгледувавме сите апликации во изборот за најдобрите. Морам да кажам дека годинава е поскромно во однос на минатите години кога имавме вистински бум од резултати. Поради тоа максимално сме посветени и ќе го направиме вистинскиот избор – рече претседателот Карадимче. 


Годинава награди ќе има за најдобар спортист, најдобри млади спортисти и спортистки, настан на година, поддршка за охридскиот спорт, животно дело и други, а апликации на адресата од Сојузот на спортови не пристигнаа за најдобар тренер и најдобар клуб.

Датумот и местото на одржување на церемонијата на која ќе бидат прогласени најдобрите допрва ќе биде договорена.

Мх.П.