Советот за превенција на општина Охрид во кој членуваат претставници на релевантните институции и асоцијации што можат и треба да придонесат во реализацијата на концептот  за поголема соработка помеѓу Полицијата и локалната заедница, вчера одржа конститутивна седница.


Со Советот за превенција, по функција, претседава грагоначалникот на општината, а покрај командирот на Полициската станица и претседателот на Советот, командирот на Противпожарната единица, членови на Советот на општината и претставници на општинската администрација, во него членуваат  и претставници на НВО, Центарот за социјална работа, Младинскиот центар и локалните медиуми.

Основната функција на Советот за превенција е да постапува по информациите, барањата и поплаките на граѓаните, да посредува во надминување на неповолните состојби и решавање на негативни прашања и проблеми мегу граѓаните и институциите со посредство на сите вклучени  чинители. Сето тоа, заедно, треба да придонесе до релаксирани односи и поголема безбедност во локалната заедница и воопшто државата.


На конститутивната седница беше заклучено се изготви Деловник за работа на Советот за превенција, како и да се изготви проект за справување со малолетничката деликвенција.

Ohridnews