Денеска беше конституиран новиот општински совет. На 23-те советници им беше верификуван мандатот, а потпишаа и дадоа свечена изјава дека совесно ќе ја вршат работата за која се избрани..
.


Од досегашниот претседател на советот, Владо Чингоски, раководењето на седницата го презеде најстариот член во советот, Драган Пандески.


На новите советници успех во работата им посака градоначалникот, Александар Петрески.

„ Граѓаните на општина Охрид со право очекуваат од двата општински органи, градоначалникот и советот, одговорност и работа, а со право очекуваат резултати и исполнување на она што е веќе ветено“, рече градоначалникот Петрески.
Петрески апелира, локалната власт да ги остави зад себе личните и теснопартиските интереси и да работи во интерес на граѓаните.


Успех во работата на новоизбраните советници им посака досегашниот претседател на советот, Владо Чингоски. Чингоски не изостави да му се заблагодари и на претходниот советнички состав со кој раководеше тој во текот на изминатите четири години.

А.Р.