Вчера заврши традиционалниот шаховски турнир „Езерска кралица 2023“ што се одржа во хотел Дрим во Струга. Учествуваа околу 60 млади играчи од Македонија, Албанија, Грција, Косово и Украина.

Беа одиграни три турнири до 10, 14 и 18 години. Во категоријата до 10 години играа Кајла Бурнс од Ш.К.„Гамбит Асеко-СЕЕ“ – Скопје, Дамјан Николовски Ш.К.„Гамбит Асеко –Сее“ – Скопје и Надалина Зимоски Ш.К.„Алкалоид“ – Скопје.

Во категорија до 8 години кои играа заедно во групата до 10 години врвот на табелата изгледаше вака:

  1. Бенџамин Бурнс од Ш.К. „Гамбит Асеко-СЕЕ“ – од Скопје
  2. Андреа Цветановска Ш.К. „Гамбит Асеко-СЕЕ“ –Скопје
  3. Михаел Гиговски Ш.К. „Алкалоид“ –Скопје

Во категорија до 14 години табелата изгледаше вака:

  1. Никола Радоњанин Ш.К. „Гамбит Асек-Сее“ – Скопје
  2. Никола Петровски Ш.К. „Гамбит Асеко-СЕЕ“ – Скопје
  3. Мајкл Бурнс Ш.К. „Гамбит Асеко – СЕЕ“- Скопје

Во категоријата до 12 години табелата изгледаше вака:

  1. Никола Петровски Ш.К. „Гамбит Асеко-СЕЕ“ – Скопје
  2. Никола Јаневски Ш.К.„Гамбит Асеко –сее“
  3. Матеј Диванисов Ш.К. „Алкалоид“ –Скопје

На највозрасниот турнир првото место го освои охриѓанецот Лушески Констанин од Ш.К.„Ласкер“ – Охрид, на кого ова му е втора титула по ред во групата до 18 год.

Табела изгледаше вака:

  1. Константин Лушески Ш.К.„Ласкер “ Охрид
  2. Сирио Дафа од Албанија
  3. Ахмет Јусуфи од Косово.

Ова беше одлична можност за младите играчи кои за прв пат учестуваат на ваков турнир да се стекнат со искуство. Задоволство ми е што и оваа година со помош на нашите спонзори и подржувачи успеавме да го организираме по 4 пат овој фестивал. Упатувам голема благодарност до сите нив. Се надевам дека бројката на учесници другата година ќе биде уште поголема и фестивалот „Езерска кралица“ да прерасне во најдобар младински турнир во Македонија изјави Ѓоко Котески директор на фестивалот.

OhridNews