Вчера заврши традиционалниот шаховски турнир „Езерска кралица 2023“ што се одржа во хотел Дрим во Струга. Учествуваа околу 60 млади играчи од Македонија, Албанија, Грција, Косово и Украина.
Беа одиграни три турнири до 10, 14 и 18 години. Во категоријата до 10 години играа Кајла Бурнс од Ш.К.„Гамбит Асеко-СЕЕ“ – Скопје, Дамјан Николовски Ш.К.„Гамбит Асеко –Сее“ – Скопје и Надалина Зимоски Ш.К.„Алкалоид“ – Скопје.
Во категорија до 8 години кои играа заедно во групата до 10 години врвот на табелата изгледаше вака:
- Бенџамин Бурнс од Ш.К. „Гамбит Асеко-СЕЕ“ – од Скопје
- Андреа Цветановска Ш.К. „Гамбит Асеко-СЕЕ“ –Скопје
- Михаел Гиговски Ш.К. „Алкалоид“ –Скопје
Во категорија до 14 години табелата изгледаше вака:
- Никола Радоњанин Ш.К. „Гамбит Асек-Сее“ – Скопје
- Никола Петровски Ш.К. „Гамбит Асеко-СЕЕ“ – Скопје
- Мајкл Бурнс Ш.К. „Гамбит Асеко – СЕЕ“- Скопје
Во категоријата до 12 години табелата изгледаше вака:
- Никола Петровски Ш.К. „Гамбит Асеко-СЕЕ“ – Скопје
- Никола Јаневски Ш.К.„Гамбит Асеко –сее“
- Матеј Диванисов Ш.К. „Алкалоид“ –Скопје
На највозрасниот турнир првото место го освои охриѓанецот Лушески Констанин од Ш.К.„Ласкер“ – Охрид, на кого ова му е втора титула по ред во групата до 18 год.
Табела изгледаше вака:
- Константин Лушески Ш.К.„Ласкер “ Охрид
- Сирио Дафа од Албанија
- Ахмет Јусуфи од Косово.
Ова беше одлична можност за младите играчи кои за прв пат учестуваат на ваков турнир да се стекнат со искуство. Задоволство ми е што и оваа година со помош на нашите спонзори и подржувачи успеавме да го организираме по 4 пат овој фестивал. Упатувам голема благодарност до сите нив. Се надевам дека бројката на учесници другата година ќе биде уште поголема и фестивалот „Езерска кралица“ да прерасне во најдобар младински турнир во Македонија изјави Ѓоко Котески директор на фестивалот.
OhridNews