Извршниот одбор на општинската организација на СДСМ Охрид вечерва ќе одржи состанок на кој ќе се соопшти името, кое од страна на советничката група на СДСМ ќе се предложи за вршител на должност градоначалник. Неофицијално, тоа ќе биде актуелниот заменик градоначалник Константин Георгиевски кој беше именуван за заменик од страна на градоначалникот Јован Стојаноски.

Предлогот на СДСМ ќе биде даден на вонредна седница на советот на која ќе се бара поддршка и од останатите советници.

ВД градоначалникот ќе ја извршува оваа функција се до распишувањето на нови локални избори, за кои постои веројатност дека ќе се одржат заедно со претседателските во месец април.

OhridNews