Ирецот Конор Мекгрегор е најплатениот светски спортист во изминатата година, соопшти магазинот „Форбс“.
Според магазинот во периодот од 1.мај 2020 до 1.мај 2021 година, од спонзорските договори и некои други работи, Мекгрегор инкасирал 180 милиони долари.
Преку 100 милиони долари, во наведениот период, заработиле уште мега ѕвездите Лиоенл Меси и Кристијано Роналдо, односно Дак Перскот, играчот на Далас Каубојс, во НФЛ лигата.
Топ 5 го комплетира Леброн Џејмс со заработувачка од 96,5 милиони долари, а во најплатените десет се наоѓаат фудбалерот Нејмар, тенисерот Рожер Федерер, Ф1 пилотот Луис Хамилтон, НФЛ играчот Том Брејди и кошаркарот Кевин Дурант.
OhridNews