Младата пејачка Тејлор Свифт повторно е сама. Нејизното доскорешно момче Конор Кенеди ја оставил по четири месеци врска, сметајќи дека е премногу посесивна. Иако Тејлор изјавила дека причина за разделувањето бил пренатрпаниот распоред поради промоцијата на нејзиниот нов албум, во медиумите се појавиле гласини дека всушност се работи за тоа дека таа го „задушила“ Кенеди.

Конор, кој и понатаму оди во средно училиште, не бил спремен на чекорите на кои се надевала младата пејачка. Како што пренеле медиумите, таа сакала момчето да се пресели кај неа, што нему не му одговарало.