Конкурсот за претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ ќе трае до 10 септември
05.09.08 15:32
” Конкурсот за избор на претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ што ќе трае до 10 септември е најдемократска процедура” изјави на прес-конференција, претседателот на комитетот и пратеник во Собранието, доктор Владо Стефаноски. Како што рече тој, на анонимниот конкурс може да се пријави секој граѓанин кој што е член на партијата во моментов. Според Стефаноски, функциите пратеник и претседател на општинска организација на партија не се спојуваат и од тие причини, тој нема да биде претседател на охридскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ додека е пратеник.
Средбите со граѓаните, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ги остваруваат во партиските простории, но најдоцна за две седмици, тие очекуваат да биде отворена пратеничката канцеларија. Како што беше соопштено на прес-конференцијата, Локалната самоуправа подготвува простор за оваа намена во зградата на “Охридски комуналец” кај пазарот, а Националниот демократски институт ќе обезбеди опрема и луѓе задолжени да ги примаат граѓаните.
Финализираат градежните активности на крак од улиците “Дејан Војвода” и “Абас Емин” Денес на терен се поставува афалтен слој на овој дел, откако претходно викендов беа завршени активностите на крак...
Уште осум лица, од кои тројца цариници се осомничени за вршење кривични дела со употребувани возила До Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе се поднесени кр...
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.