Во петок на 31-ви јули 2015 година се затвора конкурсот за најдобар расказ што по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што го распиша општина Охрид.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.

Наградата за најдобар расказ се доделува за еден расказ и таа изнесува 30.000 денари, а  ќе биде врачена на културната манифестација која по традиција се одржува на 13-ти август. Жири комисијата треба да ги објави резултатите најдоцна до 8-ми август годинава.

OhridNews