Од Министерството за култура информираат дека конкурсот за избор на прв човек на фестивалот Охридско лето ќе се објави најдоцна до 15 октомври. Претходните најави за објавување на конкурсот од надлежното министерство беа дека тоа ќе се случи во првата половина на минатиот месец. Не ги откриваат причините поради кои сеуште, и покрај најавите, конкурсот не е објавен.  

Во јавноста веќе започнаа шпекулациите за тоа кој ќе ја превземе оваа функција и се спомнуваат неколку имиња кои и се познати на охридската јавност, пред се истакнати членови од ВМРО- ДПМНЕ, а се споменуваат и имиења на јавни личности.  

Актуелниот вршител на должноста директор на фестивалот Васил Зороски заминува  во пензија. Екс директорот Тони Симоноски, кој ја извршуваше оваа функција 4 години, беше сменет непосредно пред почетокот на 50- то издание на фестивалот.

OhridNews