Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година, наместо во мај, Министерството за култура на Република Македонија годинава ќе ги објави во септември. Ова е во согласност со измените и дополнувањата на Законот за култура, кои се објавени во „Службен весник“ бр. 44/14.

Конкурсите, како и во текот на изминатите години, ќе бидат објавени во јавните гласила, како и на веб-страницата на Министерството за култура и ќе траат најмалку 30 дена од денот на објавувањето.

Во конкурсите ќе бидат содржани условите за учество, како и  критериумите и мерилата по одделни дејности според кои стручните комисии ќе вршат евалуација на пристигнатите проекти.

OhridNews