По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид распиша Конкурс за најдобар расказ.
Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ.
Авторското право се докажува со четвртиот примерок, додека краен рок за доставување на трудовите е 31 јули. Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август. Доставените трудови не се враќаат.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти, информираат од Општина Охрид.
OhridNews