Општина Охрид распиша конкурс за доделување на највисоката општинска награда Патрон на градот Св.Климент Охридски и повелба.

Наградата Св. Климент Охридски се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот. Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.

По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски“, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распиша и Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот„Св.Климент Охридски“за 2018 година. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година. Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.

OhridNews