Општина Охрид објавува  Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон на кој заинтересираните граѓани може да се пријават од денес до 27-ми декември. Пријавувањата може да се извршат во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди: прва во износ од 10.000денари, втора во висина од 6.000денари и трета награда која изнесува 4.000 денари.

Комисијата формирана од градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми: при новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.

OhridNews