По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид распиша Конкурс а најдобар расказ.

  • Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на РС Македонија;
  • Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
  • Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
  • Краен рок за доставување на трудовите е 30.07.2021 г.;
  • Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 06.08.2021 г.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти, информила локалната самоуправа.

OhridNews