Црковното настојателство при храмот „Свети Никола“ во струшкото село Враништа распишува конкурс за најдобра литературна и ликовна творба и најубаво украсено велигденско јајце на тема „Христос Воскресе, радост донесе!“ во пресрет на големиот хирстијански празник Велигден.

Конкурсот, како што соопшти отец Ристе Наумоски, ќе трае до 13 април, Велики четврток, а е наменет за дечиња до деветто одделение.

Сите заинтересирани дечиња можат да учествуваат со своја литературна или ликовна творба, а првпат годинава ќе имаме и избор на најубаво декорирано велигденско јајце, истакна отец Наумоски.

Своите дела и изработки, учесниците, додаде, треба да ги однесат во храмот „Свети Никола“, потпишани со шифра.

Литературните творби ќе бидат прочитани пред присутните празникољупци, по завршувањето на богослужбта на празникот Велигден, додека со ликовните цртежи ќе има соодветно поставена изложба со цел да ги видиме вашите креации, информира отец Наумоски.

За најдобрите три литературни и ликовни творби, како и за трите најубаво декорирани јајца, според него, ќе бидат обезбеднеи награди.

OhridNews