Отворен конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2021 година. Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 14-ти ноември 2021 година.
Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда, велат од НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.
За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од РСМ.
Сите заинтересирани автори кои сакаат да учествуваат на конкурсот треба да испратат необјавена поема на адреса НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2021 година”.
Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.
OhridNews