Општина Охрид објавува Конкурс за избор на идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.
Сите настани организирани или поддржани од Општината ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири – комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид. Сите заедно под плаво белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7 ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид, велат од Општина Охрид.
По повод големиот Јубилеј Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на 7.11.2024 година на самиот роденден на Охрид.
Повеќе детали за Конкурсот на линкот.
OhridNews