Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување како и на вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат, Општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2024 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви.
Курсевите се за монтер на опрема за греење и ладење, ракувачи на парни котли, фризери, маникир, дактилографија на компјутер, цвеќарство и градинарство, автомеханичари.
Предност за пријавување за овие курсеви имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.
За да се реализира одреден курс треба да се пријават најмалку 15 учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност.
Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”. Повеќе информации на линкот.
OhridNews