Централниот одбор на најголемата опозициона партија, СДСМ, реши Конгресот на партијата на кој ќе се гласа  доверба на органите на партијата да се одржи на 3. јули, пренесува „Макфакс“.
 
Од СДСМ соопштуваат дека атмосферата на седницата на Централниот одбор била во прилог на констатацијата дека партијата на вонредните парламентарни избори добила поддршка од 370 илјади граѓани и дека ја зголемила својата поддршка за 150 илјади гласа, и дека во вакви едни услови кога ако се гледаат гласовите на позицијата и опозицијата се констатира она што и бројките го говорат, а тоа е дека Груевски успеал со своето катастрофално владеење да ја подели Македонија како со нож и во овој момент поддршката и на страната на позицијата и на опозицијата е практично иста.
 
Од СДСМ констатираат дека претседателот Бранко Црвенковски треба да биде предводник не само на партијата туку и на опозициониот фронт во борба против власта.

OheridNews