Вториот конгрес на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри со меѓународно учество ќе се одржи утре во хотел „Дрим“ во Струга.
Оваа година Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „За нас“ за прв пат како рамноправна членка на Балканската асоцијација на медицински сестри го организира овој голем едукативен настан на тема „Здравствената нега – научна дисциплина“.
Конгресот е прилика за едукација, промоција, стимул, за да истражуваме, креираме и отвораме нови видици. Нас професијата не обврзува на континуирано учење како би можеле да одговориме на сите предизвици со кои се сретнуваме во нашата секојдневна работа со корисниците на здравствената нега – нашите пациенти. Со овој конгрес се приближуваме чекор понапред во желбата да ги прикажеме медицинските сестри во друго светло, со прилика за истражување во сестринството бидејќи здравствената нега е научна дисциплина, вели м-р Горданка Бешлиовска, претседател на ЗМСТАС – ЗА НАС и Унијата на здруженијата на РС Македонија.
За прв пат ќе бидат доделени и одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра – Славјанка Влахчева.
OhridNews