Мажите домаќини по пр пат ќе се соберат на конгрес, а се очекуваат повеќе од 5000 членови. Фиоренцио Брешани, основачот на здружението, рекол дека вакви мажи во светот ги има многу. На конгресот ќе разговараат за своите проблеми и ќе докажат дека времињата навистина се промениле.
Брешани изјавил дека во договор со својата сопруга го оставил бизнисот и се посветил на куќата и семејството за да може таа да напредува во кариерата. Во почетокот неговите пријатели мислеле дека полудел, но со тек на време се повеќе мажи се зачленувале во здружението. Здружението организира и курсеви за готвење и домашни работи од домаќинството.