Како што пренесува „Макфакс“, предвидено е на конгресот, што ќе има изборен карактер, да се гласа за избор на претседател на партијата, генерален секретар, како и за составот на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.
Како што соопштуваат од партијата, на конгресот треба да биде усвоен и клучниот програмски документ на партијата – Платформата за претстојните парламентарни избори.
На конгресот ќе присуствуваат над 1.100 делегати и гости.
извор: „Макфакс“