Досегашниот потпретседател на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи е избран за нов партиски лидер откако доскорешниот претседател Арбен Џафери се повлече од функцијата.
Тачи, на Четвртиот партиски Конгрес што се одржува во Струга (30.6/01.7) е избран за претседател со акламација како единствен кандидат за оваа функција.
Џафери ја препушти лидерската позиција на Тачи
Тачи во своето обраќање пред делегатите вети дека ќе ја зачува автономноста на политичкото одлучување во ДПА. „Со нас нема да диригираат никакви кругови, ниту воените профитери, ниту истрошени комунистички структури, ниту бизнисмени, ни тајкуните кои ги спонзориираат идните политички специјализанти, ниту разни ѓаволи кои се во позадина“, рече Тачи.
Тачи се заколна пред делегатите дека ќе го чува својот и дигнинтет на својата партија и народ. „Се колнам дека пред органите на партијата ќе давам отчет и дека ќе ги спроведувам целосно партиската програма, која никогаш не била и нема да биде на политичка лицитација“, додаде Тачи.
Тачи во своето обраќање потсети на како што рече клучната улога на ДПА во конфликтот во 2001. ДПА како што рече Тали, имаше клучен придонес во избегнувањето на меѓуалбанската војна, а се издејствуваа и измени на Уставот се создаде мир меѓу македонците и албанците со примена на Охридскиот договор, а се амнестираа и борците на ОНА што не се случи во ниту една држава на поранешните југословенски простори. „Но за ова имаше само еден услов да се минимизира улогата на ДПА што ние го прифативме а прифативме и на политичката сцена да настапи нов субјект кој легитимноста ја доби во војната“, рече Тачи.
од конгресот на ДПА
Мендух Тачи на чело на ДПА ќе го замени доскорешниот лидер Џафери кој не се повлекува од партијата. Џафери останува високо позициониран во ДПА и ќе биде верификатор на сите одлуки кои ќе се носат во партијата.
На Конгресот присуствуваа претставници на сите поголеми партии од Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја преводеши лидерот и претседател на Владата на Република Македонија, Никола Груевски кој истакна дека Демократската партија на Албанците е респектабилен субјект на македонската политичка сцена, партнер во владината коалиција со кој работиме кон заедничката преродба на Македонија.
прелиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески
СДСМ ја претставуваше Владо Бучковски, ДУИ – Рафиз Алити, а ПДП – Абдулади Вејсели, ВМРО НП Ѓорѓи Трендафилов.
Владо Бучковски
Во Струга беа присутни и претставници на Исламската верска заедница во Македонија, првите личности на повеќето партии од Албанија, премиерот на Косово, Агим Чеку, како и претставници на дипломатскиот кор.
Горан Момироски