Демократската партија на Албанците-ДПА денеска во Струга ќе одржи Конгрес на кој ќе дојде до смена во врвот на партијата.
По 14 години, претседателската функција во ДПА ја напушта лидерот Арбен Џафери, а на негово место доаѓа неговиот миленик Мендух Тачи.
Арбен Џафери не ја напушта партијата, туку само се повлекува од претседателското место. Причина за повлекувањето на лидерот е нарушеното здравје. (Џафери долги години боледува од Перкинсова болест).
Неговиот наследник, Тачи, е единствен кандидат за претседател на ДПА.