Првата конференција за заштита и управување на слатководните риби на Балканот, синоќа свечено беше отворена во Охрид.

На конференцијата учествуваат седумдесетина експерти од 14 земји. Ќе бидат претставени над 80 стручни и научни трудови од областа на заштитата и управувањето со слатководните риби. Предвидени се и голем број тркалезни маси на кои ќе се дискутира за сегашните состојби со слетководната рибна фауна на Балканот, нејзината иднина и стратегија за нејзина заштита.

Централно место на Конференцијата ќе има идејата за институционализирање на меѓународно здружение за заштита и управување со слатководните риби на Балканот – ЦОМБАФФ . Целта е ова здружение понатаму како придружна членка на големите меѓународни здруженија за заштита и управување со природата, да стане биде промотор во регионот и пошироко за унапредување на состојбите на слатководниот рибен фонд.

Ohridnews