Врвни психијатри од Македонија и од неколку странски земји ќе бидат дел од Меѓународната конференција „Стресот и анксиозните растројства низ различни животни фази“ што ќе се одржува во Охрид од 29-ти до 31-ви  октомври 2015 година.

Според информациите кои се објавени на веб страницата на „Психијатриското здружение на Македонија“, во организациониот одбор на конференцијата се проф. д-р Антони Новотни, доц. д-р Димитар Боневски, проф. д-р Марија Ралева, Ќамил Ковачи, д-р Идриз Неџипи, м-р Павлина Васкова, м-р Андромахи Наумовска, д-р Виктор Исјановски, д-р Александар Ристески и други.

Поканети предавачи на конференцијата се проф. д-р Дејвид Болдвин и проф. д-р Вероника Норбурн од Велика Британија, д-р Волфганг Хагеман од Германија, проф. д-р Дејан Ајдуковиќ од Хрватска, д-р Милан Латас и д-р Борјанка Батиниќ од Србија, д-р Каролина Оверлин и Фреја Улвестад Карки од Норвешка.

OhridNews