Конференцијата посветена на Нацрт законот за справување со отпад од пакување како и плановите на Општина Охрид за воспоставување на шеми за примарна селекција на отпад, ќе биде најавена на прес прес конференција, што ќе се одржи утре во малата сала на општината.

На конфернцијата ќе се обратат градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, директорот на ЈП “Охрдиски Комуналец“, Сашо Алче и раководителот на Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика, Аријан Тоска.
 
Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика е реализиран од  страна на невладината организација Македонски Деловен Центар. Од 2005 год до денес проектот се реализираше во 24 општини во Македонија, во кои УСАИД, досега инвестираше 1.3 милиони долари. Овие средства беа употребени за поддршка на општините да обезбедат инфраструктура потребна за воспоставување на механизми за примарна селекција на отпад и рециклирање, поддршка на индустријата за рециклирање преку доделување на грантови за првите 8 компании рециклатори, за организирање на јавни кампањи за придобивките од рециклирањето како и за основање на Клубови за рециклирање во училиштата вклучени во пилот фазата на проектот. Во финалната фаза Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика потпиша Меморандум за соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање за обезбедување на техничка помош во финализирање на Нацрт законот за пакување и отпад од пакување.

Ohridnews