Во х. Метропол во Охрид денеска продолжува со работа регионалната конференција за хармонизација на трговските податоци и едношалтерскиот систем.

Организатори на конференцијата на која ќе се расправа како земјите од ЈИЕ да ги достигнат европските и светските стандарди во работењето на царината се  Царинската управа на Македонија и УСАИД.

На конференцијата  учествуваат претставници на царинските служби од Македонија, Хрватска, БиХ, Албанија,Бугарија и Турција и на мегународни институции.