Состојбите со интелектуалната сопственост во Македонија ќе бидат разгледувани на Конференција за заштитата на интелектуалната сопственост, што денеска ќе се одржи во Охрид

На конференцијата што ја организира Американската Стопанска  Комора во Македонија, ќе стане збор за влијанието на состојбите со интелектуалната сопственост на странските инвестиции, за загубите кои Макеонија ги трпи за непочитување на интелектуалната сопственост, како и за состојбите со авторските права.

На конференцијата ќе присуствуваат Амбасадорот на САД – Филип Рикер, Извршните директори на Американската Стопанска  Комора во Македонија и Србија , Директорот на Македонската Царина – Ванчо Каргов , Експерти од областа на интелектуалната сопственост и претставници на значајни светски брендови и познавачи на оваа област.