На 15 и 16 октомври Охрид ќе биде домаќин на конференцијата “Борба против корупцијата – Интегративна спрега од домашни и меѓународни активности“.

Настанот е во рамките на македонското претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа.

Конференција треба да овозможи демонстрирање на постигнатите резултати на планот на борбата против корупцијата. При тоа фокусирајќи се посебно на конфискацијата како една од мерките за справување со овој вид криминал, преку презентирање на меѓународните стандарди и нивната имплементација во националните законодавства, европската легислатива за заплена конфискација и повратот на имотот и имотната корист, и конфискацијата и повратот на имотот во пракса.

OhridNews