Претставници од 35 банки и финансиски институции од Регионот и компании од информатичката технологија од денеска до 9 јуни во Охрид ќе земат учество на четвртата по ред конференција „Нова банкарска визија“.
На конференцијата што се одржува секоја втора година ќе се дискутира за трансформација на филијалите и за успешното функционирање на пазарот на капитал и хартии од вредност.
Организатор на конференцијата е компанијата Пексим, која најави дека на средбата во Охрид ќе е бидат присутни и банки од Блискиот Исток .