Во организација на Виенскиот економски форум во Охрид денеска се одржува конференција посветена на  Туризмот – индустрија на иднината.

Работниот дел на Форумот ќе го отвори македонскиот премиер Никола Груевски, а свои обраќања за туризмот како потенцијал за анимирање на компаниите да инвестираат во Македонија и во другите земји од регинот ќе имаат и специјалниот координатор на Пактот за стабилност на ЈИЕ Ерхард Бусек, вицепремиерот Зоран Ставрески и министрите за економија Вера Рафајловска и за транспорт и врски Миле Јанакиески.


Доаѓаат подобри времиња за туризмот?!
На собирот ќе учествуваат и  претставници на ЕУ, на држави од регионот, на меѓународни финансиски институции и компании. На крајот на Форумот треба да бидат усвоени заклучоци што ќе ги презентираат премемиерот Груевски и специјалниот координатор Бусек. На маргините на собирот се предвидени и билатерални средби меѓу учесниците

Преку мотото на средбата – „Инвестирајте во Македонија. Инвестирајте во регионот – Туризам, гранка со иднина“ организаторите на средбата ќе се обидат да го „рекламираат“ југоисточниот дел на Европа каде странски инвестиции се крајно неопходни. Преку панел дискусии и предавања ќе се „убедуваат“ австриските и останатите инвеститори да вложат во Македонија.

Г.М.