Од 12- ти до 14- ти септември Охрид ќе биде домаќин на конференција за е-Демократија, насловена како ИКТ, Двигател на демократијата и транспарентноста.

Целта на конференцијата е да се истакне успешниот пример и напредокот на Република Македонија во воведувањето на ИКТ во легислативниот процес како и да се даде придонес кон одбележувањето на 15ти септември – Меѓународниот ден на демократијата.

На отворањето на конференцијата ќе говорат Трајко Вељаноски, Претседател на Собранието на Република Македонија, Иво Ивановски, Министер за Информатичко Општество во Владата на Република Македонија, како и Ерван Фуере, специјалниот  претставник на Европската Унија во Македонија.

Ќе учествуваат делегации од регионот на југоисточна Европа, среден Исток и Африка.

Организатор е Некстсенс во соработка со Centre for e- Governance Development од Љубљана. Конференцијата е под покровителство на Собранието на Република Македонија, а ќе биде поддржана и од Службениот Весник на Република Македонија.

Ohridnews