Охрид денес и утре домаќин на конференција „Green Urban Transport Solutions“ во организација на Општина Охрид, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Постојаниот секретаријат на Транспортната Заедница и CIVINET Slo-Cro-SEE.
На настанот, како што информираат организаторите, се очекуваат воведни обраќања од претставници на Владата, општината Охрид, Германската амбасада, GIZ, академската и стручната заедница, меѓу кои Ивен Шад – Прв секретар, Германска амбасада Тирана, Митко Костов – Декан на Техничкиот факултет – Битола, Недим Беговиќ –Транспортна Заедница, како и претставник на Општина Охрид.
Конференцијата има за цел да поттикне дијалог, соработка и размена на добри практики за одржлива урбана мобилност, климатска адаптација и дигитални решенија во јавниот транспорт, со фокус на Западен Балкан, посочувааѕ.
Во текот на двата дена, учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на панел дискусии, интерактивни сесии и студиски посети на терен, кои ќе прикажат иновативни решенија применети во Охрид.
OhridNews