Во рамки на регионалниот форум организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ) и во соработка со Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за внатрешни работи и Кабинетот на заменикот на претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој, денеска во Охрид ќе се одржи конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“.
На отворањето на конференцијата ќе се обратат заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Бојан Маричиќ, Шемши Салаи член на Државната Комисија за спречување на корупција, Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство, Анке Холштајн, амбасадорка на Германија, Aлександре Шмит, регионален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) и Десислава Гоцкова, шефица на Секретаријатот, Регионална иницијатива против корупција (RAI).
OhridNews